Барселона го декласираше Реал Мадрид и го освои шпанскиот Суперкуп
Барселона го освои рекордниот 15. трофеј во шпанскиот Суперкуп, откако убедливо го совлада големиот ривал Реал Мадрид во спектакуларното финале во Џеда.
„Ел Класико“ одиграно во Саудиска Арабија, на стадионот „Крал Абдула“, заврши со победа на Каталонците со 5:2 (4:1).
Барселона постигна девет гола во последните два директни натпревари против Реал Мадрид. Во Мадрид, на 26 октомври, во 11. коло од Примера, тимот на Карло Анчелоти доживеа катастрофален пораз како домаќини со резултат 0:4. Тогаш фудбалерите на Барселона ги постигнаа сите четири гола во вториот дел, овојпат исто толку голови постигнаа во првите 45 минути.
И двата тима стигнаа до финалето на убедлив начин. Каталонците во полуфиналето го совладаа Атлетик Билбао со 2-0, додека Реал Мадрид ја победи Мајорка со 3-0.
Реал Мадрид беше во подобра форма пред финалето, во серија од пет последователни победи во сите натпреварувања, додека тимот на Ханси Флик беше во резултатска криза откако претрпе три порази на домашен терен од крајот на ноември (Лас Палмас 1:2, Леганес 0:1, Атлетико Мадрид 1:2) и падна од првото на третото место на табелата во шпанското првенство.
Што се однесува до стрелците, Килијан Мбапе го доведе Мадрид во водство по само пет минути игра, но потоа „кралевите“ беа скршени со четири последователни гола, постигнати од Ламине Јамал (22′), Роберт Левандовски (36′), Рафиња (39′) и Алехандро Балде (45+10′). Во овој дух продолжи второто полувреме со голот на Рафиња (48′). Не се знае што можеше да се случи до крајот доколку голманот на Барса, Војчех Шчесни не беше исклучен со директен црвен картон во 57. минута. Родриго (60′) веднаш ја намали разликата, но после тоа не беа постигнати нови голови.
Инаку, Реал Мадрид има 13 трофеи во ова натпреварување. Следат Атлетик Билбао и Депортиво Ла Коруња со по три, Атлетико Мадрид две, додека Валенсија, Севиља, Реал Сосиедад, Сарагоса и Мајорка имаат по една победа.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот
-
Меџити влегува во изборна трка за Чаир – ДУИ бара преизборен ветинг
-
ССМ на утрешната седница на ЕСС ќе бара 500 евра минимална плата – Премиерот изјави дека платите ќе растат
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството