Loading Video...
Фудбал
27. November 2019 - 16:47

Барса домаќин на Борусија, а Ливерпул го пречекува Наполи

Вечерва се играат натпреварите од претпоследното 5.коло, од преостанатите четири групи (Е...Х) во кои досега ниту еден тим нема осигурано осминафинале. 
 
Најблиску до него е тимот на Лајпциг кој како лидер во  групата Г, го пречекува последно пласираниот состав на Бенфика. Доколку Германците победат, но и освојат бод, а под услов Лион да не загуби од Зенит тогаш, Лајпциг и Лион ќе ги осигрураат првите две места. 
 
Нерешен резултат во меѓусебната пресметка на Ливерпул и Наполи, а под услов Салцбург да не го победи Генк, ги носи англискиот и италијанскиот тим во осминафиналето од Е конкуренцијата. 
 
Голема неизвесност ќе има во Ф и Х групите во кои Барселона и Борусија Дортмунд во меѓусебниот дуле на „Камп Ноу“ тргнуваат во четири односно три бодови повеќе во однос на трето пласираниот Интер кој гостува во Прага кај Славија. 
 
Во последната група, дербито е на „Местања“ каде Валенсија го пречекува Челзи во ситуација во која двата тима, како и лидерот Ајакс кој гостува кај Лил имаат по идентични седум бодови. 
 
ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 5.КОЛО СРЕДА
 
Група Е  ГЕНК - САЛЦБУРГ и  ЛИВЕРПУЛ - НАПОЛИ  21 часот
Табела: Ливерпул 9, Наполи 8, Салцбург 4, Генк 1
 
Група Ф БАРСЕЛОНА - БОРУСИЈА Д. и   СЛАВИЈА П. - ИНТЕР  21 часот
Табела: Барселона 8, Борусија Д. 7, Интер 4, Славија П. 2
 
Група Г  ЗЕНИТ - ЛИОН  18.55 часот и ЛАЈПЦИГ - БЕНФИКА  21 часот
Табела: Лајпциг 9, Лион 7, Зенит 4, Бенфика 3.
 
Група Х  ВАЛЕНСИЈА - ЧЕЛЗИ  18.55 часот  и  Л И Л - АЈАКС 21 часот
Табела: Ајакс 7, Челзи 7, Валенсија 7, Лил 1.