-->
-->
Барди: Среќен сум за првиот гол
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва во Гдиња го игра третиот натпревар од групата Б, противник ни е селекцијата на Португалија, која има шанси за полуфинале.
Во нашиот табор се подготвени за новиот предизвик.
- Добро се работи на овие тренинзи, како тактички така и физички сме подготвени. Добро го одигравме второто полувреме со Србија. Досега имаме еден пораз, реми и сега е време за победа. На сите дуели влегуваме со голема мотивација, а сите се ривали на наша возраст и затоа одиме да се надигруваме. Впрочем, Србија е светски првак до 20 години, а одигравме одлично второ полувреме против нив, изјави Енис Барди.
Барди беше и стрелец на првиот гол за Македонија на ЕП.
- Многу сум среќен за постигнатиот гол, тогаш мислев само на тоа како да помогнам на другарите да дојдеме до добар резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол