Барањето за исплата на плати за февруари и март поставено на платформата на УЈП
Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците за февруари и март 2021 година „образец БФП-ИП/3“ е поставено на платформата на УЈП е-даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk/), информираат од Управата за јавни приходи.
– Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци најдоцна до 30 април 2021, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на доставувањето на барањето, посочуваат од УЈП.
Од таму потсетуваат дека за остварување на правото работодавачот поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи, врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за февруари и март 2021 година („Службен весник на РМ“, бр. 85/2021).
– Начинот на пополнување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година (образец БФП-ИП/3) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување, прецизираат од УЈП.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228