Барањата на Британци и Северноирци за ирски пасош зголемени за 68 отсто
Барањата на Британци и на Северноирци, за добивање пасош на Репулика Ирска, во првите три месеци годинава се зголемени за 68 отсто, во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за надворешни работи во Даблин.
Минатата година, се смета како рекордна по бројот на апликации за ирски пасош и тој процес продолжува и годинава, со зголемено темпо.
Во соопштението на Министерството не се објаснува која е причината за зголемениот интерес, затоа што во молбите не се бара да се објасни мотивот за поднесената апликација.
Интензивирањето на интересот за поседување ирски пасош е заблежливо веднаш по британскиот референдум за ЕУ и изгласаниот Брегзит, што наведува на заклучокот дека британското напуштање на Унијата, предизвика пасошот на соседна Ирска наеднаш да стане многу популарен и посакуван.
Ирска е членка на ЕУ и сите натурализирани Ирци кои досега имале британски пасоши и по повлекувањето на Британија од Унијата ќе може да патуваат и да работат слободно и без ограничување во сите 27 земји-членки.
Меѓу апликантите, многу повеќе има од Британија, отколку од Северна Ирска.
Во периодот јануари-март годинава, биле поднесени 28 илјади барања за ирски пасоши, од кои 23 илјади се од Британци.
Лицата, чии родители или баба и дедо се родени во Ирска можат да поднесат барање за ирски пасош.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка