-->
-->
Барак Обама предвремено гласаше во Чикаго за следен претседател на САД
-->
Претседателот на САД Барак Обама предвремено гласаше во Чикаго на изборите за негов наследник во Белата куќа.
Обама беше сенатор од Илиноис пред да стане претседател на САД.
- Вршите голема работа, им рече Обама на вработените во избирното места во Чикаго, каде учествува во собирање средства за кампањата на Хилари Клинтон.
На прашањето за кого гласал, Обама само се насмевна.
Гласачките ливчиња ќе бидат преброени кон крајот на изборниот ден 8 ноември.
Според официјалните податоци, во 1996 година само 10,5 проценти од американските избирачи гласале однапред. Во 2012 година тие веќе биле една третина од сите гласачи, а меѓу нив повторно бил Барак Обама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани