Барак Обама ги смирува сојузниците по изборната победа на Трамп

Американскиот претседател Барак Обама ги смирува сојузниците на САД по изборната победа на Доналд Трамп, уверувајќи ги дека неговиот наследник ќе ги почитува меѓународните договори откако на 20 јануари ќе ја преземе функцијата.
Во разговор со американските новинари, Обама изјавил дека Трамп изразил голем интерес околу „силната поддршка што САД му ја даваат за НАТО“.
Во текот на предизборната кампања, Трамп зборуваше дека доколку биде избран може да се откаже од гаранциите за заштита на земјите членки на Северноатланската Алијанса.
Таквите најавиа на сега избраниот претседател ги исплашија земјите во Европа, посебно оние во балтичкиот регион кои стравуваат од можна агресија од Русија.
Според членот 5 од Договорот на НАТО, предвидено е Алијансата да и даде воена и одбранбена помош на секоја земја членка, доколку биде нападната од надвор.
Во текот на јули, Трамп ги видоизмени своите гледања, па порача дека САД ќе им помагаат на оние сојузнички земји, кои ќе ги исполнуваат обврските кон Вашингтон.
Официјален Вашингтон веќе подолг период врши притисок врз европските сојузници во НАТО да издвојуваат повеќе средства за одбраната.
Обама зборувал со новинарите пред заминувањето за Атина, која е прва етапа од неговата последна официјална посета во странство во својство на претседател на САД. Покрај Грција, тој ќе ја посети и Германија, каде се очекува да се сретне со лидерите на неколку европски земји и на Перу.
Американаките медиуми тврдат дека Обама ќе ја искористи оваа прилика за да ги смирува сојузниците во врска со доаѓањето на новата администрација во Вашингтон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
