Бара помош преку интернет за да може да се венча со својата девојка

Триесетгодишен маж од Атланта покрена кампања на интернет страницата „GoFundMe“ за да собере 15.000 долари со цел да купи веренички прстен за својата девојка.
Оливер вели дека со тоа сака да ја докаже својата љубов кон својата девојка, откако таа за неговиот 30-ти роденден му купила 30 поклони.
Едно од најчестите прашања на страницата е „зошто тој не го купи прстенот со свои пари?“.
Оливер вели дека овој начин на собирање пари нуди шанса „сите кои не сакаат, тоа и да го докажат“, а и на тој начин тој би можел да купи прстен кој би им се допаднал на сите оние кои ќе донираат за прстенот.
Тој доби критики дека постојат многу полесни начини за да се соберат пари, но и дека пристоен прстен може да се најде и за помалку од 15.000 долари. Според статистиките, просечен прстен во Атланта чини нешто повеќе од 6.000 долари, што е повеќе од половина од сумата која Оливер ја бара.
Од драга страна, тој тврди дека тимската работа ги покренува сништата, но поголемиот број од луѓето не е убедена во тоа. Иако неговата страница е споделена повеќе од 12.000 пати, Оливер досега успеа да собере само 600 долари.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
