Фудбал
22. јуни 2017 - 13:44

Банега се врати во Севилја

Евер Банега по една сезона мината во Интер се враќа во Севилја, пренесе „Скај Спорт“. Овој 28-годишен фудбалер е само еден од неколкумината кои одиграа под своето реноме.
 
Интер по завршувањето на сезоната доби нов тренер во името на Лучано Спалети, кој веднаш му соопштил на Банега дека во неговата визија за Интер нема место за него.
 
Ситуацијата ја искористи Севилја во чии редови Аргентинецот блескаше две сезони, освојувајќи две титули во Лига Европа.
 
Севилја на Интер за услугите на Банега ќе му плати девет милиони евра.