Бан Ки-мун во Женева посади дрво од Хирошима
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска во паркот крај зградата на ОН во Женева посади дрво од јапонскиот град Хирошима, што е подарок од градоначалникот Кадзуми Мацуи, кој е и претседател на асоцијацијата „Градоначалници за мир“ , пренесоа француските медиуми.
Дрвото е гинко билоба, што може да порасне до 15 метри во височина.
-Ова дрво е симбол на издржливоста и на мирот и се сади во спомен на оние кои загинаа на 6 август 1945 година, кога атомска бомба експлодира во Хирошима, изјави Бан на церемонијата.
Дрвото, сега високо 1,50 метар, е „потомок“ на дрвото гинко билоба, што ја преживеало атомската катаклизма во Хирошима, забележуваат француските медиуми.
-Државите, кои поседуваат нуклеарно оружје, имаат специјална задача да ги елиминираат своите арсенали, рече Бан и потсети дека за сите земји треба да е приоритет продолжувањето на преговорите за нуклеарно разоружување.
Бан Ки-мун се наоѓа во дводневна посета на Женева. За време на неа тој ќе се збогува со службениците на ОН во Женева, со претставници на власта на кантонот Женева и со швајцарските федерални власти пред крајот на неговиот мандат, што завршува на крајот на календарската година.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава