Бан Ки-мун повика до 2030 година да се преполови бројот на раселени луѓе во светот
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара помош од владите, бизнис елитите, хуманитарните организации и донаторите да помогнат до 2030 година да се преополови бројот на раселените лица.
-Тука сме да создадеме поинаква иднина, изјави Бан Ки-мун во говорот на отворањето на меѓународниот хуманитарен самит во Истанбул.
Дводневната конференција е со цел да се пронајде глобално решение за најтешката, според проценката на ОН, хуманитарна ситуација по Втората светска војна, кога околу 130 милиони луѓе имаат потреба од помош.
- Ве повикувам да помогнете за намалување на половина на бројот на внатрешно раселените лица до 2030 година, и да најдеме повеќе долгорочни решенија за бегалците и раселените лица преку рамномерна поделба на одговорностите, нагласи Бан Ки-мун.
Ново на Сител
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија