-->
-->
Балотели се врати со гол за Монца
-->
Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели вечерва успешно дебитираше за второлигашот Монца, постигнувајќи гол веќе во четвртата минута во триумфот над Салернитана од 3:0 во дерби натпреварот во Серија Б.
Последен пат Балотели беше стрелец на официјален натпревар пред точно 360 денови, постигнувајќи гол на 5 јануари, на мечот меѓу Бреша и Лацио.
Минатата сезона Балотели постигна пет голови за Бреша, одигрувајќи го последниот натпревар во март.
Со испаѓањето на Бреша во Серија Б, 30-годишниот напаѓач долго време беше во потрага по нов клуб, се до трансферот во италијанскиот второлигаш Монца на почетокот на декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза