Балкански поетски Вавилон во Друштвото на писателите на Македонија

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“.
Со настап на 20 членови на ДПМ и со стиховите на истакнати поети од Балканот, од домот на македонските писатели ќе биде испратена порака дека различните јазици на кои пишуваат авторите се слеваат во универзалниот јазик на поезијата со кој се надминуваат сите бариери на патот кон разбирањето, толеранцијата, соработката, меѓусебното запознавање и зближување.
Поетската порака ќе ја испрати Кристина Николовска, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија, односно на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки, ромски јазик.
На средбата во ДПМ ќе бидат читани и стихови, во оригинал и во препев на македонски, на поетите Костас Асимакопулос (Грација), Алеш Штегер (Словенија), Сретен Перовиќ (Црна Гора), Садик Бејко (Албанија), Петар Караангов (Бугарија), Адам Пуслоиќ (Србија), Абдулах Сидран (Босна) и Анте Стамаќ (Хрватска), сите добитници на наградата „Книжевно жезло“ што ја доделува македонската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
