Балкан
23. November 2016 - 9:04

Балканот се тресе утрово - Се предупредуваат на разорни потреси

И ова утро како и секо последниве неколку месеци, земјата не престанува да се тресе, како на Балканот, така и во Европа, но и низ светот.
 
Периодов беа регистрирани повеќе разорни потреси, од кои последните во Нов Зеланд, Италија и Фукушим, поради што експертите предупредуваат дека се можни нови многу силни потреси.
 
Ситуацијата утрово е следна, се тресат Италија и Турција, се тресе и Кипар. Во овие земји се регистрирани повеќе потреси од доцна вечерта.
 
Деновиве беа почувствувани земјотреси од Грција и во Македонија. Последниот вчера со јачина од 2,9 по Рихтер, ги разбуди жителите на Стар Дојран.
 
Се надеваме потресите ќе запрат и ќе имаме мирни денови.