Балканот полуде по оваа билкa: Носи десетици илјади евра заработка, а расте и во градините!
Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите држави се идеални за одгледување на оваа билка.
Многу студии покажале дека аронијата има антиканцерогено дејство. Покрај тоа, аронијата го успорува процесот на стареење на организмот и спречува развој на хронични болести.
Таа е одлична храна поради ниската содржина на калории и високата содржина витамини и минерали. Исто така, многу е богата со антиоксиданси.
Садниците аронија достигнуваат полн род во осмата година, даваат по 10 кг од грмушка, а моменталната цена за килограм прва класа е едно евро. Според некои проценки по хектар може да донесе приход од дури 12.000 евра!
Некои од произведувачите велат дека е прилично лесно да се одгледува аронија. Во одредени услуви садник може да даде 17 килограми аронија.
Плодовите содржат витамини А, Ц, Б2, Б6, Е, како и минерали: калиум, калциум, железо, манган, јод, фосфор.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол