Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.
Температурата вечерва во Дубровник беше 30 степени, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.
Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.
Во Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а на сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.
„Преземете мерки, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.
Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени. Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
