Балетот „Оревокршачка“ викендов во МОБ

Македонската опера и балет викендов (денеска и утре од 12 часот) ќе ја изведе популарната балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, сценограф е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.
Во главната улога на „Оревокршачка“ ќе настапат првенките на МОБ - Мими Поп Алексова-Атанасовска денеска и Ивана Коцевска во утрешната изведба. Нивни партнер ќе биде Дојчин Дочев од Бугарија. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
- Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман дејството го поврзал со празнувањето на Нова година. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го напишал либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по повод новогодишните и божикните празници. Бидејќи е популарна и сакана од младата публика, нашите две претстави се закажани во матине термини, односно во 12 часот, информира МОБ.
Ново на Сител
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
