Балетот „Дамата со камелии“ повторно во НОБ
Балетската претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди е повторно на сцената на Националната опера и балет вечер од 20 часот, со првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски во главните улоги.
– „Дамата со камелии“ премиерно беше изведена на 31 октомври 2014. Оваа балетска продукција наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, Работена по музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“, соопшти НОБ.
Кореографијата е на Василиј Медведев од Русија, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Костимите и сценографијата во оваа раскошна балетска претстава ги изработи Павол Јураш од Словачка.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентство на Иван Еминовиќ.
Ново на Сител
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак
-
Приведени двајца крадци во Гостивар
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО