Балерините под маски ја продолжуваат приказната ,,Болеро’’
Во едно време-невреме успешно се постави балетското делото „Болеро“ во продукција на македонската „Национална опера и балет“, чија што премиера се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Дело, за прв пат поставено пред 30 години од кореографот Олга Милосављева, а сега препородено како омаж за неа и сите балетски уметници кои своевремено несебично давале се' од себе да ја издигнат балетската уметност во Македонија. Со оглед на фактот што културата, а особено балетот, се тешко погодени од глобалната пандемија, создавањето на едно вакво уметничко дело беше уште поголем предизвик.
Дванаесет балерини од ансамблот при македонската „Националeн опера и балет“ предводени од кореографот Саша Ефтимова, строго придржувајќи се до Ковид-19 протоколите вежбаа и танцуваа постојано со маски во едни од најтоплите летни денови. Целиот процес е доловен и документиран од Александар Томовски во серија фотографии (инстаграм @tomovski.photography) како и во видео запис кој го пренесува целиот процес на подготовки, труд, посветеност и ентузијазам вложен во изведување на танцови движења кои бликаат со емоции за надеж, пребродување, нови почетоци, подобро утре. Документарен запис кој ја доловува вредноста и тежината на еден од многу аспекти историски потфат, но и уникатен ентузијастички потфат кој во прво лице раскажува неколку напоредни приказни што даваат поглед во еден скриен свет на создавање уметност зад кулисите.
После неколку месеци пауза поради пандемијата, балетот со „Болеро“ се врати пред скопската публика, како дел од настанот „Опера и балет под ѕвездите“ организиран од македонската „Национална опера и балет“.
За целиот процес на работа и низ што се поминале, ни раскажа балерината Мила Ниновска (инстаграм @milabalerinkata) .
„Голема привилегија е да се биде дел од балетскиот ансамбл при НОБ. Целата пандемија многу не погоди и се оддрази врз нашата физичка активност и спремност. Многу тешко, скоро невозможно, беше за повеќето играчи во домашен амбиент да најдат доволно простор и услови неопходни за изведување на основните рутински балетски вежби. Како што знаете премиерно “Болеро” беше изведено на Охридско Лето под строги протоколи, секоја проба беше проследена со мерење на температура при влез во самиот театар, дезинфекции, маски, држење дистанци.
Сето тоа одзема време, концентрација и енергија, но сепак желбата и страста да танцуваме и создаваме уметност е многу посилна од сите тие додатни препреки. На 25.09 официјално ја отворивме новата сезона во НОБ со истоимената претстава. Чувството да се настапи пред матичната куќа и домашната публика е искуство кое нас многу ни значи и е поттик и понатаму макотрпно да работиме во вакви неуслови, да се избориме со целата ситуација и да пробаме балетот да го оддржиме во живот. Болерото за секогаш ќе остане дел од нас, како потсетник низ се што поминавме заедно, се сплотивме и повторно застанавме на даските што живот значат. Сакам да и искажам огромна благодарност на Саша Ефтимова која е кореограф на ова балетско дело, што несебично ни го пренесе нејзиното знаење и искуство, и не внесе во нејзиниот свет наречен Болеро.''
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО