Бакојани: Се чини дека референдумот ќе помине
Во овој момент најверојатно сценарио е дека референдумот ќе помине, така се чини, но не сум жител на ПЈРМ за да знам, вели поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани во интервју за грчкото радио „Њуз247“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бакојани истакна дека „Договорот од Преспа веќе произведува резултати“, а коментирајќи ги последните изјави на Панос Каменос, рече дека „сериозноста и Каменос се два збора кои тешко одат заедно“.
- Каменос не ја искористи единствената шанса што му беше дадена кога Нова демократија достави предлог за гласање недоверба на владата за скопското прашање, кога во парламентот детално беше анализиран резултатот на потписот што ќе го стави Коѕијас за време на процесот во Преспа. Тоа го кажавме јасно и гласно. Реалноста е дека господинот Каменос се скри зад неговата позната реторика, ја одбрани владата и му го даде пенкалото на господинот Коѕијас за да го потпише Договорот од Преспа. А договорот од Преспа веќе произведува правни резултати, не постои сомнеж за тоа, рече Бакојани
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
