Бајрами: АА не е против предвремени избори, но приоритет и е евроинтеграцискиот процес
Алијансата за Албанците (АА) апсолутно не е против предвремени парламентарни избори, но нејзин приоритет е евроинтеграцискиот процес на земјата, изјави денеска партискиот портпарол Наим Бајрами.
– Ние секогаш сме подготвени за такви политички и демократски акти како што се изборите. Меѓутоа, евроинтеграцискиот процес отсекогаш, од самото наше појавување на политичката сцена, бил голем и значителен приоритет, изјави Бајрами на прес-конференција прашан за коментар на ставот на Беса, која поддршката за уставните измени ја услови со одржување на предвремени парламентарни избори.
Лидерот на Беса, Билал Касами во неделата изјави дека партијата ќе ги поддржи измените на Уставот, под услов власта да се согласи на одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.
– Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите во делот на интегрирањето и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори, рече Касами, најавувајќи дека ако до пролет не се одржат предвремени парламентарни избори, БЕСА ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана