-->
-->
Бајките станаа реалност - Последниот роденден на девојчето кое умира од неизлечлива болест!
-->

Лили Меј има само 5 години и умира од рак. Нејзиното тело е толку слабо што веќе не може да прима хемотерапија. Докторите прогнозираа дека ќе живее најмногу до ноември.
Нејзините родители Хајди Хол и Рајан Скоу, додека се молат за чудо, одлучија да и направат роденденска забава од соништата. Се надеваат дека нема да биде последна.

Веста за нејзиниот роденден се прошири со брзина на светлината. Сите жители на градот Худ Ривер во државата Орегон ги засукаа ракавите, ги истресоа парите од џеповите и помогнаа да се организира роденден, матурска и свадба, се во едно за малата Лили Меј. Па така, со кочија тргнаа на прославата:
На забавата беа повикани и сите принцези од бајките.
На прославата се придружи и цел град, а во првиот дел Лили беше мало лавче.

Потоа беше Пепелашка, а нејзиниот принц беше татко и.

Рајан Скоу, нејзиниот татко се скрши. Додека танцуваше со своето девојче, не можеше да престане да плаче.

Лили Меј беше поцврста. Изгледа трудот да ја направат среќна сепак се исплати. На лицето на малото девојче, во моментите кога и каменот ќе го натераат да проплаче, имаше насмевка.
А токму таа насмевка беше единствената причина поради која стотина добри луѓе направија се` да и ги приближат најубавите соништа на девојчето што умира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-
Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
-
Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир