Живот
27. January 2019 - 14:54

Бајка се претвори во хорор: После банкротот остана како гробишта на стотици дворци во градот на духови

Глетката во провинцискиот регион во северозападна Турција изгледа како фатаморгана: стотици луксузни куќи изградени во редови, со кули кои потесетуваат на француски дворци или оние од Дизниленд. Бурџ ал Бабис е толкму луксузен граден проект во Турција чија градба е прекината на пола пат.

Проектот вреден 200 милиони долари, се наоѓа на пола пат меѓу Анкара и Истанбул. Кога градежниците и инвеститорите од Сарот Проперти групата упаднаа во финансиски проблеми стотици вили налик на дворци останаа незавршени.

Градбата почна во 2014 година, а секој дворец во комплексот би требало да биде продаден по цена од 400.000 до 500.000 долари. Идејата била недвижностите да ги купуваат богаташи. Некои се веќе продадени, но инвеститорите во меѓувреме се повлекле.

Секоја вила морало да биде идентична, мини троспратен дворец, со две кули и готички украси. Ентериерот за секој купувач би можелд а се обликува по сопствен вкус.

Секоја вила има 324 квадрати, но речиси е „залепена“ со соседната идентична вила, што значи дека нема место за градина или зеленило, ниту пак за приватност.

Во центарот на „населбата“ требало да има класична градба со продавници, детска градинка, турска бања, кино и спортски сали. Предвидени се и спортски терени и аква парк во комплексот.

Пред банкротот изградени се 587 вили, а дел од преостанатите изведувачи и инвеститори се надеваат дека изградбата ќе продолжи и ќе се изградат сите 732 вили. Дел е до крај завршен, дури и продаден, а голем дел е во различни фази на изградба. Иако долговите се натрупаа и пораснаа на 27 милиони долари, инвеститорот се надева дека сепак ќе се извлече.

Би требало да се продадат само 100  вили за да се отплати долгот, и дека оваа „криза“ би можела да се заврши за четири до пет месеци и повторно да се тргне со проектот годинава.