Бајден во предност во однос на Трамп
Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден води со 11 проценти пред шефот на државата Доналд Трамп, во најновата анкета на Универзитетот Квинипек, која покажува дека Американците не ја одобруваат работата на актуелниот претседател во врска со спречувањето на епидемијата на Ковид-19 во САД.
Според анкетата објавена синоќа, Бајден, кој е се поизвесниот претседетателски кандидат од Демократската партија, е поддржан од 50 проценти од гласачите, додека за републиканецот Трамп би гласале 39 проценти на претседателските избори во ноември.
Од регистрираните демократи, 88 проценти изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, а само пет проценти се изјасниле дека ќе гласаат за Трамп. Од републиканците, пак, 87 проценти би гласале за Трамп, додека осум проценти го избираат Бајден. Резултатот кај независните е 47 проценти наспроти 36 отсто во полза на Бајден.
Водството на Бајден е зацврстено во спордба со минатиот месец, кога во истата анкета тој водел со 49 проценти наспроти 41 отсто за поранешниот потпретседател на САД.
Бајден добива предност во анкетите во момент кога економските оператори во САД започнуваат со внимателно отварање на работата и покрај пандемијата на коронавирусот. Се повеќе гласачи не одобруваат како Трамп се справува во одговор на коронавирусот. Педесет и еден процент од гласачите ја одобруваат неговата работа, додека 56 проценти не ја одобруваат, во споредба со април, кога 46 проценти од гласачите одобрувале, а 51 процент не одобрувале.
– Предноста на Бајден укажува дека во најдобар случај, довербата кон претседателот Трамп е нарушена, додека во најлош, како што се зголемува бројот на заразени од коронавирус, се доведува во прашање разумноста на Трамп, а ноември е се поблиску, изјави Тим Малој, анкетен аналитичар од Универзитетот Квинипек.
Анкетата е спроведена откако универзитетот Колумбија вчера објави анализа дека доколку мерките за физичка дистанца во САД би биле воведени две недели порано, односно на 1 март кога епидемијата започна да се шири, би биле спасени 36.000 животи.
Во САД досега од Ковид-19 починаа над 96.000 лица, додека регистрирани се повеќе од 1,6 милиони заразени луѓе.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор