Бајден вели дека војската ќе интервенира ако Трамп не сака да замине од функцијата
Кандидатот за претседател на САД на Демократската партија Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен што претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да ги „украде“ изборите во ноември, но е уверен дека војниците ќе го изнесат од Белата куќа, доколку тој изгуби и одбие да го признае резултатот.
– Ме загрижува многу: претседателот ќе се обиде да ги украде изборите, рече Бајден.
Тој не прецизираше како републиканскиот кандидат Трамп би можел да мами на изборите. Но, поранешниот потпретседател потсети дека Трамп жестоко се спротивставува на гласањето по пошта и најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со гласачките ливчиња.
Бајден рече дека коментарите на поранешни воени команданти, кои го критикувале одговорот на Трамп на протестите против полициската бруталност, го убедиле дека американската војска ќе интервенира доколку Трамп не ги признае резултатите од изборите.
– Апсолутно сум убеден дека тој експресно ќе биде изведен од Белата куќа, рече Бајден.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев