Бајден: САД ќе го поддржат членството на Црна Гора во НАТО
Американскиот заменик претседател Џо Бајден порача на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ дека САД се подготвени да го поддржат членството на Црна Гора во НАТО, доколку државата продолжи со реформите и ја зајакне поддршката на јавноста за членство во Алијансата.
Бајден во телефонски разговор со Ѓукановиќ нагласил дека доколку Црна Гора продолжи со напредокот во тие области, САД се подготвени да поддржат испраќање покана за членство на Црна Гора на декемврискиот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата, пренесува Радио телевизија Црна Гора.
Ѓукановиќ истакнал дека Црна Гора е целосно посветена на реформите и дека уште посилно ќе продолжи со исполнување на обврските во процесот за приближување кон НАТО и ЕУ.
Бајден и Ѓукановиќ изразиле согласност дека членството во НАТО цврсто ќе ја поврзе Црна Гора со евроатлантските институции, ќе придонесе за регионалната стабилност на Балканот и ќе го потврди кредибилитетот на НАТО политиката на отворени врати.
Ново на Сител
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат