Бајден: Путин мислеше дека ќе може да го подели НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден за време на разговорите со полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека мирот во Европа е директно поврзан со стабилноста во САД.
„Способноста на Америка да ја исполни својата улога во другите делови на светот почива на обединета, безбедна Европа. Научивме од тажното искуство од двете светски војни, кога не бевме вклучени во стабилноста во Европа. Тоа се враќа и не прогонува“ – рече Бајден.
„Значи, долго време велев, како сенатор, член на Комитетот за надворешни работи, како потпретседател осум години, сега како претседател, дека стабилноста во Европа е клучна за САД. Не само во Европа, но во целиот свет“, продолжи тој.
Бајден, исто така, рече дека тој и американските лидери го гледаат членот 5 на НАТО како „света обврска“. Членот 5 е принцип дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите членки.
Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин мисли дека неговата инвазија на Украина ќе може да ги подели земјите на НАТО.
„Најважниот критериум во овој свет што се менува е НАТО да остане апсолутно, целосно обединет. Според нашите гледишта, нема одвојување. Дека што и да правиме, правиме заедно и сите се согласуваат“, рече тој.
Американскиот претседател изјави и дека Полска е изложена на товарот на голем број украински бегалци и тоа го спореди со ситуацијата на американско-мексиканската граница.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
