-->
-->
Бајден: Путин е „достоен противник“
-->
Два дена пред средбата со неговиот руски колега во Женева, американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа го нарече Владимир Путин „достоен противник”, но одби да каже што ќе биде успешна средба за него.
Запрашан за време на прес-конференција на самитот на НАТО во Брисел за претстојната средба со Путин, Бајден не прецизираше на што се надева од рускиот претседател. Тој повтори само дека ќе разговара за „области во кои тие можат да соработуваат”, со повторено предупредување дека ако Русија одбие да соработува за прашањето на кибер напади, САД „соодветно ќе реагираат”.
Бајден додаде дека Путин е „паметен” и „жесток” и изрази надеж дека рускиот претседател „ќе покаже интерес за промена на начинот на кој светот го гледа”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ортопедија и траума работат 2 од 6 операциони сали
-
Фондот нема доволно пари за пензии, дупката ја полни државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Палчо на распит, негирал вина и тврдел дека е наместен
-
Палевски на распит
-
ДУИ славеше 22 години постоење
-
Спасеновски: Рано е за укинување на Пржинската влада
-
Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ