Бајден: Нуклеарен напад на Северна Кореја би бил „самоубиство“ на режимот
Нуклеарен напад од страна на Северна Кореја би бил самоубиство на тој режим, изјави американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа заедно со јужнокорејскиот претседател, кому му вети цврста поддршка и одговор на секој нуклеарен напад од Пјонгјанг.
САД ќе одговорат на секој нуклеарен напад од Северна Кореја, изјави јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол на прес-конференција во Белата куќа.
Бајден и Јун ја искористија првата официјална посета на јужнокорејскиот лидер на Белата куќа по повеќе од една деценија за да испратат предупредување до Пјонгјанг.
– Нашите две земји се согласија на непосредни билатерални претседателски консултации во случај на севернокорејски нуклеарен напад и ветија дека ќе одговорат брзо, сеопфатно и решително користејќи го оружјето на сојузот, вклучително и американско нуклеарно оружје, рече Јун.
Бајден ја повтори американската понуда до Северна Кореја да одржи дипломатски разговори за нуклеарната програма, за која севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун сè уште нема коментар.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
