Свет
29. October 2016 - 10:35

Бајден: Не сум заинтересиран за функција во администрацијата на Клинтон

Американскиот потпретседател Џо Бајден синоќа изјави дека не е заинтересиран да биде дел од идната Администрација на САД, доколу на изборите на 8 ноември победи демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон.

- Ќе сторам се што можам да и помогнам на Клинтон, доколку биде избрана, но не сакам да останам во Администрацијата, изјави Бајден во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

Ваквата изјава на Бајден следи по информациите што ги објавија некои медиуми дека доколку Клинтон стане нов преседател на САД, тој би можел да биде идниот американски државен секретар.