Бајден на преглед, претседателски овластувања кусо време беа пренесени на потпретседателката Харис
Американскиот претседател Џо Бајден вчера, поради задолжителни медицински истражувања, неколку часа беше попречен да ги извршува своите претседателски овластувања, и командата со армијата и шифрите од нуклеарниот арсенал привремено да и ги препушти на својата потпретседателка Камала Харис.
Претседателот Бајден, на еден ден пред својот 79-ти роденден, беше подложен на рутински колоноскопски преглед, во Медицинскиот центар „Волтер Рид“, во близина на Вашингтон, што според Белата куќа, поминал во најдобар ред.
Деталите за здравствената состојба на најстариот американски претседател во нејзината историја дополнително ќе бидат објавени, соопшти Белата куќа.
„Како што тоа веќе беше случај во минатото, кога претседателот Џорџ Буш во два наврата беше подложен на истата процедура, во 2002 и 2007 година, а во согласност со уставната процедура, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателката во еден краток период, додека се наоѓа под анестезија. ” .
Белата куќа овој здравствен преглед го опиша како „рутински годишен преглед“. Ова е прв ваков преглед врз американскиот претседател од преземањето на функцијата во јануари.
За време на колоноскопскиот преглед, Бајден беше под анестезија, и, како што било случај досега, потпретседателот ја презема власта, што вклучува контрола врз американската војска и арсеналот на нуклеарно оружје.
Харис (57) е првата жена што ја извршува функцијата потпретседател на САД.
Ново на Сител
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини