Бајден: Мислам дека има потреба од хуманитарна „пауза“ во војната помеѓу Израел и Хамас
Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека треба да има хуманитарна „пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас. – Мислам дека имаме потреба од пауза.
Пауза значи да се даде време да се извлечат затворениците, изјави 80-годишниот демократ. Белата куќа подоцна појасни дека Бајден кога кажал „затворениците“ мислел на заложниците, кои ги држи Хамас.
Претходно, Белата куќа беше категорична дека нема да се меша како Израелците да ги спроведуваат своите воени операции како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.
Со својата изјава, Бајден изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им даде на Палестинците барем краток прекин на тековната воена операција, во која загинаа илјадници луѓе и ја втурна палестинската енклава во хуманитарна криза, објавија американски медиуми.
Ново на Сител
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот