Бајден: Конгресните избори се „одлучувачки момент“ за американската демократија
Американскиот претседател Џо Бајден на синоќешниот голем предизборен митинг во Филаделфија пред конгресните избори во вторник изјави дека ова ќе биде „одлучувачки“ момент за иднината на американската демократија.
– Демократијата е буквално на гласачкото ливче. Ова е одлучувачки момент за нацијата и сите ние треба да зборуваме со еден глас, рече лидерот на демократите од сцената во Филаделфија за поддршка на кандидатите на Демократите во Пенсилванија.
На предизборниот митинг, освен кандидатот на Демократите за Сенатот, зборуваше и поранешниот претседател Барак Обама.
Оваа држава ќе биде клучна на изборите на 8 ноември, бидејќи исходот од гласањето може да резултира со преземање на контролата врз Конгресот од страна на републиканците.
Среднорочните избори во САД се одржуваат на секои четири години на средината на секој претседателски мандат и оваа година вклучуваат избори за сите 435 места во Претставничкиот дом, 35 од 100 места во Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и бројни други локални функции и предлози за гласање.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
