Бајден: Кина има реални проблеми, треба да ги промениме односите на подобро
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Кина има „реални проблеми“, неколку часа пред средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско, чија цел е обнова на кинеско-американските односи.
Бајден претходно изрази надеж дека разговорите ќе помогнат да се подобрат нестабилните односи меѓу САД и Кина, кои беа обележани со остри разлики во текот на изминатата година.
Двајцата лидери пристигнаа во градот, каде што ги пречекаа стотици демонстранти веејќи знамиња на Кина, Тајван и Тибет, како и плакати за поддршка и против кинескиот лидер.
Пред да замине од Вашингтон за Сан Франциско, Бајден рече дека негова заедничка цел е Вашингтон и Пекинг да ја подобрат меѓусебната комуникација и покрај несогласувањата за голем број прашања.
„Да можеме да разговараме меѓу себе ако има криза. Да можеме да се увериме дека воените сили продолжуваат да имаат контакти . . .
она што се обидуваме да го направиме е да ги промениме односите на подобро“, рече Бајден.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола