Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани

Претседателот на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис кои се демократи, остро ги искритикуваа лажните тврдења на поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканец и претседателски кандидат, а поврзано со двата урагани што ја погодија Флорида.
Бајден синоќа во изјава рече дека тврдењата на Трамп се „антиамерикански“ и дека треба да престане со ширење дезинформации за спасувачките напори на владата. Харис во иннтервју за Си-Би-Ес рече дека Трамп е човек кој се става себе си на прво место наместо Американците.
-Во изминатите недели има неодговорно и неуморно промовирање на дезинформации и отворени лаги за тоа што се случува, рече Бајден во изјава од Белата куќа поврзано со временските непогоди во југоисточниот дел на САД.
-Ова ја поткопува довербата кај луѓето во Флорида и неверојатната работа за спасување и обновва, рече Бајден. „Ова е штетно за оние кои најмногу имаат потреба од помош. Искрено, овие лаги се антиамерикански“.
Претседателот повтори едно од тврдењата наТрамп дека владата ги пренасочува средствата за одговор на катастрофите за да им помогне на имигрантите. И тоа дека погодените од Хелен добивале само по 750 долари помош.
-Што зборуваат? Престанете, тоа е апсурдно, едноставно не е точно, рече Бајден за тврдењата дека средствата од Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) се пренасочуваат за други потреби.
Истакна дека 750 долари се мал дел од вкупната помош, средства доделни за најитни моментални потреби, додека секое погодено домаќинство ќе добива многи повеќе оштета зависно од документираните штети.
Во серија интервју за американските национални телевизии и радија, а во рамки на нејзината претседателска кампања и Харис го искритикува Трамп за дезинформациите околу пружањето федералнаа помош како „аморални“.
-Каков претседател може да биде тој што се става себи си на прво место, наместо на прво место да ги става сограѓаните Американци. Зошто да се изживувате над туѓата несреќа на оние кои од катастрофата изгубиле блиски роднини и на кои им е уништена целата сопственост, рече Харис.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
