Бајден: Доаѓа време на големи политички промени

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден на самитот на Азиско-пацифичката соработка (АПЕК ) во Лима, предупреди дека претстои на ера на значајни политички промени во светот.
– Доаѓаме до момент на значајни политички промени, рече Бајден за време на состанокот со лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја, додавајќи оти, сепак, нивниот трипартитен сојуз е изграден да трае.
На маргините на самитот на АПЕК во Лима, Бајден првпат се сретна јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, кој ја презеде функцијата во октомври.
Американскиот претседател во заминување ја пофали растечката соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија како одговор на загриженоста за засилените воени врски на Северна Кореја со Русија.
Бајден ја нагласи клучната улога на трилатералната алијанса во спротивставувањето на, како што посочи, „опасната и дестабилизирачка соработка на Северна Кореја и Русија“.
САД, Јапонија и Јужна Кореја во заедничката изјава од Самитот, остро ја осудуваат одлуката на севернокорејските и руските лидери „опасно да ја ескалираат војната во Украина“.
Трите земји сметаат дека распоредувањето на трупи на Северна Кореја во Русија за поддршка на Москва во нејзината војна против Украина, како и севернокорејската програма за нуклеарно оружје и намалените изгледи за мирно решение на повеќедеценискиот конфликт со Јужна Кореја, предизвикуваат зголемени тензии во Азија.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
