Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека ако тој беше Израел, ќе разгледав алтернативи за гаѓање на иранските нафтени постројки, додавајќи дека мисли дека Израел сè уште не одлучил како да му одговори на Иран.
Бајден ова го кажа во одговор на прашање на брифинг во Белата куќа.
-Израелците не одлучија што да прават во врска со нападот. За тоа сè уште се разговара, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа.
„Да бев на нивно место, ќе размислував за алтернативи за гаѓање на нафтените постројки“, додаде тој.
Тензиите меѓу Иран и Израел се на највисоко ниво бидејќи Израел во моментов ги разгледува опциите како да одговори за иранскиот напад со балистички ракети, што Техеран го изведе во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.
Бајден беше прашан што мисли за тоа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да влијае на американските избори на 5 ноември со тоа што не сака да се вклучи во дипломатско решение на ситуацијата.
-Дали тој се обидува да влијае на изборите, не знам, не сметам на тоа, одговори Бајден. „Ниту една администрација не му помогна на Израел повеќе од мојата“, додаде тој.
Американскиот претседател изјави и дека е убеден оти претстојните претседателски избори ќе бидат слободни и фер, но го загрижува реакцијата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп доколку загуби.
-Убеден сум дека тие ќе бидат слободни и фер. Не знам дали ќе бидат мирни. Тоа што го кажа Трамп и тоа што го кажа минатиот пат, кога не му се допадна исходот од изборите, е многу опасно, рече Бајден.
Бајден рече дека е значајно и тоа што изборот на Трамп за потпретседател, американскиот сенатор Џеј-Ди Венс, за време на потпретседателската дебата не сакаше да потврди дека ќе го прифати исходот од изборите на 5 ноември
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување