Бахреин го обвинува Катар за потикнување на немирите во 2011 година

Државната телевизја на Бахреин го обвини Катар дека во 2011 година го поттикнувал антивладиниот бунт на опозицијата во оваа земја.
Во специјална програма, бахреинската телевизија по првпат емитуваше снимки од телефонскиот разговор меѓу поранешниот катарски премиер Хамад Бин Јасин ал-Тани, со лидерот на опозициската Вафак партија, Али Селман, во кој станува збор за ескалација на немирите.
Бахреинската агенција, која е под контрола на државата, јави подоцна дека се верува оти телефонскит разговор содржи и согласност на двајцата соговорници за тоа како да се справат со ситуацијата, за таа понатаму да се влошува, со цел да се поткопаат интересите на Бахреин и неговата стабилност.
Засега нема реакција на официјален Катар на обвинувањата од Манама, а нема реакција и од Хамад Бин Јасин, кој во 2013 година се повлече од премиерската функција.
Бахреин, мал остров богат со нафта и гас, со кого управуваат локалните малцински сунити, пред шест години се соочи со долготрајни и масовни протести на мнозинските шиити, кои бараа повеќе демократија во земјата и права за својата верска заедница.
Во текот на немирите во главниот град Манама и во другите градови, беа убиени 35 лица.
Ситуацијата беше ставена под контрола, откако соседните, сунитски земји испратија свои трупи во Бахреин.
Али Салман од пред две години е во затвор, додека минатата година беше распуштена неговата партија Вафак, со објаснување дека дејствувала за потикнување меѓуверски судири.
Од јуни годинава, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите арапски емирати (ОАЕ) и Египет ги прекинаа сите врски со Катар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
