Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина

Иран и Оман постигнаа договор за географските координати на новата бродска рута низ Ормускиот теснец, а заедничко соопштение е во завршна фаза на подготовка, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.
Според Багаеи, преговорите меѓу Техеран и Мускат се одвиваат „професионално“ и двете страни постигнале заедничко разбирање за географските параметри на предложената рута. Тој додаде дека документот би можел наскоро да биде објавен, доколку процесот не биде попречен од трети страни, пренесе „Ројтерс“.
Сепак, Багаеи нагласи дека евентуалниот договор сам по себе нема да биде доволен за да ја гарантира безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец – една од најважните светски поморски артерии за транспорт на нафта.
Според „Ројтерс“, предложениот договор би му овозможил на Иран поголема контрола врз бродовите што влегуваат во Персискиот Залив преку Ормускиот теснец. За агенцијата тоа го потврдиле висок ирански извор и двајца регионални функционери, оценувајќи дека станува збор за една од најзначајните дипломатски придобивки за Техеран во последните години.
И покрај напредокот во разговорите, истите извори ги отфрлија тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот за повторно отворање на теснецот е непосреден, наведувајќи дека остануваат нерешени повеќе клучни прашања.
МИА
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
