-->
-->
Баерн со нова титула во Бундес лигата
-->

Екипата на Баерн ја освои 26.та шампионска титула во Бундес лигата. Во натпреварот од последното 34.коло Баерн со победа над Фрајбург ја „завери“ шампионската титула. Во натпреварот за опстанок Хамбургер во директниот дуел го победи Волфсбург, кој ќе мора да игра во баражот за опстанок.
Резултати на натпреварите од 34.то последно коло:
Баерн – Фрајбург 4:1,
Борусија Дортмунд – Вердер 4:3,
Келн – Мајнц 2:0,
Ајнтрахт – Лајпциг 2:2,
Хамбургер – Волфсбург 2:1,
Херта – Баер Леверкузен 2:6,
Хофенхајм – Аугсбург 0:0,
Инглоштат – Шалке 1:1 и
Борусија Менхенгладбах – Дармштат 2:2.
Конечна табела: Баерн 82 бода, Лајпциг 67, Борусија Д. 64, Хохенхајм 62, Келн 49, Херта 49, Фрајбург 48, Вердер 45, Борусија М. 45, Шалке 43, Ајнтрахт 42, Баер Л. 41, Аугсбург 38, Хамбургер 38, Мајнц 37, Волфсбург 37, Инглоштат 32, Дармштат 25.
Во Лигата на шампионите ќе играат: Баерн (шампион), Лајпциг, Борусија Д., додека Хофенхајм ќе игра во квалификациите од ЛШ.
Во Лига Европа ќе играат: Келн и Херта (квалификации).
Од лигата испаднаа: Инглоштат и Дармштат, додека Волфсбург ќе игра бараж за останување во Бундес лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
-

Ненадејна смрт на новороденче во болницата во Кавадарци – обдукцијата ќе покаже од што починало
-

Петиција до МВР: Со Сејф сити да се детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата
