-->
-->
Баерн се откажа од Алексис Санчез
-->
Минхенски Баерн се повлече од можноста за ангажирање на Алексис Санчез од Арсенал, откако Баварците потпишаа договор со Хамес Родригез од Реал Мадрид.
Претседателот на Баерн Карл-Хајнц Румениге изјави дека таквата одлука е донесена од тренерот Карло Анчелоти, бидејќи повеќе не му треба засилување во нападот.
„Ние веќе не сме заинтересирани за Санчез. Се договоривме со Анчелоти дека повеќе не ни треба напаѓач’’, изјави Румениге за германскиот „Кикер’’.
Чилеанскиот репрезентативец кому му остана уште една година од договорот со Арсенал, го искажа своето незадоволство од неконкурентноста на „топџиите“ во борбата за трофеи, како нова опција му се отвора трансфер во Манчестер Сити со што најави дека сака да ја напушти екипата.
Од друга страна, Арсенал се откажа од купувањето на играчот кои настапуваа на истата позицијата како и Санчез, бидејќи од клубот се убедени дека Чилеанецот ќе остане.
Сепак, дека Санчез е блиску до напуштање на Арсенал, зборува и фактот дека тој не и се приклучи на екипата на турнејата во Австралија и Кина
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политико: Влез во ЕУ но без можност за вето на новите земји членки
-
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид
-
Убедлива победа во Струмица
-
Преглед на вестите од светот