Бабовски: Исплатени близу 17,4 милиони денари за субвенци за откупена пченица од домашно производство
![]()
Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на откупувачите на пченица од домашно производство исплати близу 17,4 милиони денари.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение, појаснува дека станува збор за исплата на субвенциите од дополнителната мерка за директните плаќања за откупена пченица од од домашно производство. Средствата за субвенции за откупувачите на домашното произведено лебно зрно, за сите кои исполнуваат услови за добивање на оваа финансиска поддршка се исплаќаат без селекција и во еден ден.
![]()
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред неколку дена исплати и 333 милиони денари за предадено млеко, за оризова арпа, како и за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.
Бабовски, посочува дека од стапување на функцијата директор на АФПЗРР до денеска, исплатени се вкупно 319,3 милиони евра. Дел од средствата кои се исплатени се и за стари наследени долгови за неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016-та година.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како што се наведува во соопштението, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Во еден ден, за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.
Ново на Сител
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
-

Уапсени двајца фудбалери на Беса за претепувањето на голманот на ФК Аеродром | ВИДЕО
-

Ужас во Белград: Пијан 24-годишник помина на црвено и усмрти тричлено семејство мeѓу кои и 9-годишно детe | ВИДЕО
-

Четири лица повредени, меѓу кои и 8-годишно дете откако „бмв“ излетало од патот во близина на Липково
-

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим
