„Азиланти“ на Димковска дел од „Берлин чита“
Песната „Азиланти“ од Лидија Димковска во препев на германски и англиски јазик утре ќе биде прочитана од љубители на поезијата на пет локации низ Берлин, Германија.
Читањето е дел од целодневната манифестација „Берлин чита“ што се организира непосредно пред почетокот на меѓународниот книжевен фестивал во Берлин кој ќе трае од 9 до 19 овој месец.
На „Берлин чита“ ќе се претстават преку 50 прозни и поетски дела поврзани со бегалската и азилантската криза.
Поезијата на Димковска во препев на Александер Сицман (германски) и на Љубица Арсовска и Пеги Рид (англиски), ќе биде прочитана пред Народниот театар на плоштадот Роза Луксембург заедно со дела од Брехт, Амос Оз и Драго Јанчар, како и пред подземната железница на плоштадот „Ернст Ројтер“, на „Плоштадот на мирот“, на „Зимскиот плоштад“ и во Европската гимназија „Берта фон Сутнер“.
Берлинскиот меѓународен книжевен фестивал кој објави и публикација со избраните книжевни дела за книжевниот перформанс Берлин чита! се одржува по петнаесетти пат во главниот град на Германија и важи за еден од најдобрите книжевни фестивали во Европа. Лидија Димковска беше учесничка на фестивалот во 2010 год.
Ново на Сител
-
Осум иницијативи на денешната седница на Уставен суд
-
Сончево време, попладне услови за нестабилност
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм