Азески во посета на ИФИМЕС
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески денеска го посети Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански истражувања (ИФИМЕС), во Љубљана каде се сретна со директорите Бакхатјар Аљаф и Зијад Бичеровиќ.
На средбата, како што информираат од ИФИМЕС, било разговарано за ситуацијата во регионот на Блискиот исток и Балканот со акцент на економската соработка.
Претседателот на СКМ Азески, посочил дека цели на Комората се развивање на економската соработка со државите од Блискиот исток и меѓусебно економско поврзување на регионите. Како особено значајна, тој ја посочил потребата од соодветна подготовка на македонските компании за настап на пазарот на Блискиот исток.
Директорот на ИФИМЕС Аљаф, го информирал Азески, дека Институтот со своите капацитети и мрежа во регионот на Блискиот исток ќе им овозможи на македонските компании да користат логистички бази и презентација за настап на пазарите во Ирак, Кувајт, Катар и Оман.
Договорот пред македонските компании ќе биде презентиран на годишната конференција на СКМ на 16 февруари 2018 година, се вели во соопштението на ИФИМЕС.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии