Азербејџан е подготвен за мировни преговори со Ерменија
Азербејџан денеска соопшти дека е подготвен мировните преговори со Ерменија да се одржат на границата или на друго место.
Во соопштението на азербејџанското Министерство за надворешни работи се повикува Ерменија да избегне дополнителни непотребни одложувања и да ги продолжи преговорите.
Двете земји имаат одговорност да го продолжат мировниот процес, кој вклучува избор на заемно прифатливо место или средбата да се одржи на државната граница, се наведува во соопштението на азербејџанското МНР.
Политичкиот советник на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека разговорите треба да се водат на билатерална основа, без западен посредник.
Во минатото, Европска Унија и САД неуспешно се обидоа да ги убедат двете страни да постигнат мировен договор
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација