Азар за руската вакцина против Ковид-19: Важна е ефективноста а не да се биде прв
Министерот за здравство и социјала на САД, Алекс Азар, ја искоментира информацијата за тоа дека Русија официјално регистрирала прва вакцина против коронавирус во светот.
За регистрацијата на вакцината и за тоа дека таа е подготвена за употреба денеска соопшти рускиот претседател Владимир Путин.
-Главното не е во тоа да се биде прв во добивање на вакцина. Главно е да се има вакцина која е ефективна и безбедна за американскиот народ и за сите луѓе во светот, изјави министерот денеска во емисијата „Добро утро Америка“ на Еј-би-си.
Според него, Русија одобрила вакцина пред завршувањето на финалната, трета фаза клинички испитувања, а сепак досега не објавила никакви научни податоци од првите две фази.
Министерот додаде дека две од шест разработени вакцини во САД се наоѓаат во финален стадиум на тестирање, пред да бидат конечно одобрени за употреба од Управата за храна и лекови (ФДА) на САД.
-Сметаме дека се наоѓаме на вистинскиот пат за добивање на десетици милиони вакцини одобрени преку златниот стандард на ФДА до декември, и стотици милиони дози со почетокот на новата година, појасни тој.
Истакна дека тоа најмногу зависи од брзината на спроведување на клиничките тестови и вакцинацијата на луѓето, кои потоа се изложуваат на вирусот.
Ново на Сител
-

МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
-

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
-

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари
-

На земјен пат кон село Бусилци во Општина Чашка пронајден мртов 58 годишен велешанец
-

Уште една жртва од пожарот во Тузла, 12 свеќи за жртвите во Домот за пензионери
-

Бомба поставена на автомобил на Бит Пазар, додека е во Италија, сопственикот добил порака со закана
