Азар: Со Реал уште нема ништо

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар се обиде да побегне од прашањата дали ќе заигра во Реал Мадрид од следната сезона. Шпанските медиуми споделија дека се разбрал со „белите“ за 5-годишен договор, иако се уште нема разбирање помеѓу двата клуба.
На прес-конференцијата пред натпреварот на националниот тим на Белгија против Кипар, медиумите го притиснаа во аголот со прашања за евентуална зделка со Реал. Првично Азар одговори само со: „Не сум тука за да зборувам за Реал“.
Но новинарите продолжија да го притискаат и да бараат одговор на прашањето дали најсилниот белгиски фудбалер ќе заигра во гигантот од Мадрид. Потоа офанзивниот фудбалер одговори само со неколку реченици.
„Видете, со Реал Мадрид се уште нема ништо. Престанете да ме прашувате на оваа тема, во моментов мислам само за натпреварот со Кипар и немам ништо друго во главата“, беше коментарот на Азар, по што зборуваше само за случувањата околу „црвените ѓаволи“
Ново на Сител
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
