Азар донесе победа за Челзи
Еден Азар постигна два гола, за Челси да стигне до тешко извојувана 1:2 победа на гости кај Ватфорд за да се врати на четвртото место во Премиер лигата по изненадувачкиот пораз од Лестер минатото коло.
Белгискиот ас во финишот на првото полувреме одлично ја искористи асистенцијата на Матео Ковачиќ за во брзиот контранапад да постигне убав гол. Но, оваа предност не траеше многу, бидејќи само две минути подоцна (во третата минута од продолжението), Переира по еден корнер постигна прекрасен гол.
Трите поени „сините“ ги обезбедија во 58. минута кога Азар беше турнат од голманот Бен Фостер во шестнаесетникот, а од белата точка Белгиецот не згреши.
Сега, Челси има 40 поени, четири помалку од третопласираните Манчестер сити, и дури 11 помалку од лидерот Ливерпул, но со два поени пред Арсенал, кои не успеаја да победат денеска. Ватфорд е деветти со 27 поени.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива