Автопатот Кичево-Охрид и „зелената нафта“ пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 40. седница на чиј дневен ред се преку 60 предлог-закони, треба да ги разгледа во второ читање и дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип и патната делница Кичево-Охрид, по скратена постапка.
Автопатот Кичево-Охрид треба да биде готов до јуни 2021 година. Владата на 20 март годинава го усвои првиот анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро со кој рокот за градба се пролонгира за три и пол години.
Меѓу предлог-законите се и измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој се предвидува воведување „зелена нафта“, односно кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделското производство до 50 отсто што, според Владата, треба да овозможи намалување на производните трошоци и поголема конкурентност.
Во моментов во тек е 38. седница на која досега во прво читање поминаа околу 30 предлог-закони, сите во прво читање.
За денеска Собранието има закажано уште две седници, продолженија на осмата и 40-тата.
Ново на Сител
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ