Автомобил удрил во барикада пред Капитол, двајца полицајци повредени, осомничениот убиен | ВИДЕО
Непознато лице денеска со силна брзина удрил со автомобил во безбедносна ограда пред Капитолот на САД, при што биле повредени двајца полицајци.
Лицето било убиено во пукотницата што уследила, јави денеска Њујорк тајмс.
Претходно следело гонење на автомобилистот, кој, според некои американски медиуми е жена.
Полицијата на Капитолот претходно на Твитер соопшти дека двајца службеници и осомничениот биле однесени во болница.
Поради инцидентот, кој се случил на оградата поставена кај северниот приод на Капитолот, целиот комплекс од згради околу американскиот Конгрес е затворен. Полицијата им препорачала на вработените да останат внатре во објектите или да се засолнат ако се надвор.
Од фотографии постирани на социјалните мрежи се гледа како болничарите работат на некого кој лежи на асфалтот. Потоа се гледа кола удрена во безбедносната ограда со вратата на возачот и багажникот отворена. Некои Твитер корисници од американските медиуми постираа видео како пред платото на Капитолот слетува хеликоптер
Поради Велигденските празинци, Конгресот викендов не работи, конгресмените, како и претседателот Џо Бајден, кој денеска замина за Кемп Дејвид, не се во Вашингтон. Но во објектите на Капитолот и во самата централна зграда, има пероснал кој деновиве се вакцинира, јавува весикот.
Ново на Сител
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори